Прва конференција за зелена градба

Македонскиот совет за зелена градба, со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја организирше Првата конференција за зелена градба во Република Македонија. Целта за одржување на конференцијата беше започнување на зелено делување и создавање нови трендови во градежништвото, дефинирање на ист јазик за зелена градба со Европа и остатокот на светот, запознавање на стручната и општата јавност како и подигање на јавната свест на национално ниво со промовирање на праксата и технологијата на зелена градба. На настанот се обратија Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Данела Арсовска, претседател на сојузот на стопански комори на Македонија, Сеад Кочан, претседател на македонскиот совет за зелена градба, Роберт Хот, претседател на Гградежна комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија, претставници на бизнис секторот, експерти од јавниот и приватниот сектор и медиуми.

Одржливостa на градбата, енергетска ефикасност и заштита на животната средина, ќе генерира одржлив раст во градежниот сектор, креирање работни места, зголемување на енергетската сигурност како и намалување на сиромаштијата, бидејќи увозот на нафта и гас во Европа чини стотици милијарди евра секоја година. Исто така ќе се подобрува испораката на јавните услуги, а финансиските придобивки од зелена градба ја зголемуваат можноста за продажба и закуп, помагаат да се намалат капиталните расходи како и намалување на ризикот од прописите кои бараат скапи модификации на објекти. Го предводиме преодот на пазарот со недвижности кон одржливост и заштита на животната средина и преку тоа кон подобар живот за сите луѓе во Република Македонија“, изјави Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба и заменик претседател на ССК.