Светската недела на зелена градба ги здружува националните совети за зелена градба од целиот свет со цел да се отвори јавна расправа за улогата на зградите во нашата одржлива блиска иднина.

Со повеќе десетици земји учеснички и стотина светски настани, претставува најдобрата можност светскиот совет за зелена градба секоја година да се претстави на овој глобален настан. Работејќи заедно низ целиот свет, во таа една недела, пораката на светскиот совет за зелена градба е погласна, демонстрира глобална разноликост и ја нагласува колективната мисија на создавање на одржливо опкружување.

Powering Positive Change

Секоја година, се дефинира тема на светската недела на зелена градба со цел националните совети од целиот свет полесно да ја искажат глобалната порака. Тема на 2015-та година е „Поттикнување на позитивни промени“. Нашите згради трошат третина од светската потрошувачка на енергија и одговорни се за петтина од глобалните емисии на стакленички гасови. Оваа состојба може да се зголеми двојно па и тројно до 2050г. Зелените градби поттикнуваат позитивна промена-пресврт во потрошувачката на енергија и емисиите на стакленички гасови, ја штедат водата и го намалуваат количеството на депониран отпад, а со тоа овозможуваат поздраво опкружување за луѓето. Во светската недела на зелена градба 2015, ја раскажуваме приказната во која објаснуваме како нашата индустрија поттикнува позитивни промени низ целиот свет.

Што можат да сторат националните совети за зелена градба?

Некои совети за зелена градба ја користат светската недела за зелена градба како одскочна даска за големи настани, додека други гледаат на неа како можност да се мотивираат вработените, да се обнови комуникацијата со државните институции или на своите членови да им претстават успешни „зелени приказни“.

Некои од иновативните идеи кои советите за зелена градба ги развија во минатите години:

  • Натпревар во фотографија во Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати;
  • Натпревар на тема „Направете уметност од отпад“, во Австралија
  • Виртуелна прошетка на идните зелени градови и поп-ап зелени канцеларии во Холандија;
  • Зелени пешачки тури во Унгарија и на Нов Зеланд;
  • Изложба на небесна градина во Сингапур;
  • Разгледување на зелени згради во Индија;
  • Посета на фабрика во Франција.

Советите за зелена градба беа домаќини на самити и интернет семинари, конференции и Твитер разговори, медиумски кампањи, натпревари, итн.

Настаните беа најразновидни – од мали и едноставни до големи и сложени.

Повеќе информации за зелената градба можете да прочитате на http://www.worldgreenbuildingweek.org

Придружете ни се во светската недела на зелена градба со ваши активности, идеи и поддршка…