Учество на саем за енергетска ефикасност

Во периодот од 15-17 мај, тимот на Македонскиот совет за зелена градба учествуваше на Саем за енергетска ефикасност во Битола.

На саемот, на кој свое изложување имаа поголем број компании кои работат во доменот на енергетиката и енергетската ефикасност, невладини организации кои делуваат на ова поле, како и низа комерцијални банки кои нудат кредитини линии за оваа намена, свое презентирање имаше и Советот за зелена градба. Интересот на посетителите за зелената градба беше мошне висока, за што сведочи големата посетеност на штандот на советот на кој беа презентирани досегашната работа, како и идните активности на советот.

Саемот беше во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Академијата за политички студии од Р. Албанија (АПС)  во рамки на ИПА проектот за меѓугранична соработка финансиран од ЕУ под наслов „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата (2013/331-738)“.