Македонскиот совет за зелената градба (МСЗГ) е основан во 2014 година, по примерот на другите членови на светскиот совет за зелена градба (www.worldgbc.org), како непрофитна организација која служи како професионална платформа за промовирање на практиката на зелени и одржливи градби во Република Македонија.

Со оглед на фактот дека ЗЕЛЕНА ГРАДБА е сеопфатен концепт кој во рамки на градежништвото подразбира економската исплатливост, намалување на емисиите СО2 и грижа за животната средина, зачувување на културните и традиционалните вредности на една област, како и грижа за човекот, членки на МСЗГ може да станат сите компании, институции или поединци кои во нивното стопанисување или делување докажано се насочени кон зелена економија.

Член на Советот може да стане секое правно и физичко лице, во согласност со законот за здруженија и фондации. Членовите на Советот може да бидат редовни, асоцијативни и почесни.

Редовен член на Здружението може да бидат:

  • Компании, трговци поединци, занаетчии и физички лица;
  • Општини, градови, региони, јавни институции, правни лица со јавни овластувања и други државни и јавни тела во согласност со закон;
  • Здруженија, Фондации, Асоцијации, Комори и останати непрофитни организации.

Асоцијативен член на Советот може да биде секое физичко лице, во согласност со законот за здруженија.

Почесен член на Советот може да биде секое физичко или правно лице кое има значителен придонес во работата на Советот и остварување на неговите цели. Одлуката за именување на почесен член ја носи Генералното собрание.
Основни чекори за полноправно членство

Информирање за правата и обврските од членството;

Пополнување на формуларот – Пристапница, со потпис од одговорно лице и службен печат за правни лица,

Уплата на годишна членарина на основа на фактура, издадена од МСЗГ

Испорака на промотивен текст и официјалното лого, за истакнување на интернет страницата на МСЗГ

 

ЗАБЕЛЕШКА: Членарината важи една година од денот на уплата, по што членството се обновува со уплата за нов едногодишен период.