ЗА НАС

Македонски Совет за Зелена Градба е основан во 2014 година на иницијатива на компанијата ТРАНСМЕТ Скопје. Основан како непрофитна организација во своето работење вклучува соработка со релевантни институции, експерти, здруженија на граѓани и останати релевантни засегнати страни од областа заштитата на животната средина, енергетска ефикасност и поттикнување зелена градба во Република Македонија.

Македонскиот совет за зелена градба преку соработката со приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор делува на подигање на свеста на национално ниво на јавноста со промовирање на праксата и технологијата назелена градба, развој и водење на програми за едукација од областа преку кои знаењето и информациите за одржлива градба би биле достапни за сите. Овие активности се првите чекори кон највисоко ниво на свест кај пошироката јавност за тоа на кој начин се заштитува животната средина, се градат енергетски ефикасни објекти кои имаат заштеда на струја и вода, намалување на отпадот и штетните емисии а при тоа со зелената градба се добива подобрен квалитет на струењето на воздухот во просторот, но и подобен квал итет на живот воопшто.

Како членови на регионална мрежа, ние:

  • Отпочнуваме зелено делување и создаваме нови трендови во градежништвото
  • Дефинирамеистјазикзазеленаградбасо Европа иостатокотнасветот
  • Ја едуцираме стручната и општата јавност
  • Ја подигаме свеста кај луѓето за важноста на зелената градба – претставниците на Владата, Министерствата, локалната самоуправа и професионалците вклучени во секторот на градежништво и недвижности, студенти, деца од предшколска и школска возраст.
  • Лобираме во областа на легислатива во насока на одржлива градба

Дефиниција на зелена градба

Зелената градба се однесува на еден сеопфатен процес на проектирање, одржување, употреба и управување со средства, врз основа на принципот на одржливост, a меѓународните сертификати во оценување на нивниот степен на „зеленост“ разгледуваатисклучително голем број на аспекти на ефикасно користење на градежно земјиште, отстранување на градежен отпад и шут, рециклирање на материјали и сл. Исто така, со сертификација се следат начинот и количината т.е ефикасноста на потрошувачката на вода, решенија во поглед на амбиент на ентериерот, изборот и употребата на еколошки материјали, емисиите на стакленички гасови од зградата, енергетска ефикасност, користење на обновливите извори на енергија како целина, и на функционалноста на објектот во текот на животниот циклус.

Енергетските заштеди при проектирање на објектите, како и во нивната употреба има можеби најголем потенцијал за намалување на емисиите на јаглерод и заштеда на пари, но на објектите кои одат чекор понатаму кон одржливост и зелена градба врз основа на критериумите утврдени со меѓународни сертификати, убедливо привлекување квалитетни станари, поздрави и поудобни се за корисниците, и сето ова директно влијае на вредноста на објектот.

И покрај потенцијалните придобивки од зелената градба, како и директивите од ЕУ, се покренува иницијатива националните и локалните власти да понудат стимулации за инвеститорите и на изведувачите да градат зелени згради. Европската практика покажува дека улогата на Владата најчесто се манифестира преку различни форми на даночно олеснување и слични стимулации преку намалување или елиминација на комунални даноци и такси. Сепак очигледно дека токму инвеститорите во градежниот сектор се тие, кои се предводници на зелената градба – дали поради сопственото чувство за должност кон општеството и животната средина, поради признавањето на корпоративната општествена одговорност или се должи на фактот дека со зелена градба навистина се добиваат подобри бизнис резултати за сите – инвеститори, клиенти, општество. Без сомнение, зградата која има меѓународно признаен сертификат за зелена градба, навистина постигнува повисока продажна цена и подобри услови при давање во закуп, поквалитетна е и подолготрајна и дефинитивно ужива подобра репутација во пазарот на недвижности.