МИСИЈА И ВИЗИЈА

Мисија на Советот е:

Да бидеме лидер во промовирање и зголемување на заштитата на животна средина низ зелената градба, да го трансформираме начинот на кој објектите се дизајнираат, градат и функционираат, овозможувајќи еколошки и социјално одговорна, здрава и просперитетна средина, која го подобрува квалитетот на животот.

   

Визија на Советот е:

Во соработката меѓу сите сектори, првенствено на индустријата за градежништво и недвижности, владата, академски институции, како и сите други засегнати страни, да се постигне целта, да се трансформира македонскиот градежен сектор во зелена градба со посебно внимание на животната средина.