Основните цели, задачи и функции на Советот се:

  • Да се промовира и унапреди идејата на зелена градба;
  • Да се подигне националната свест за високо ефикасни градежни практики, кои се одржливи и ефективни;
  • Поттикнување и усогласување за отстранување на застарени административни бариери кои не придонесуваат за промени во индустријата;
  • Поттикнување на потребните законски и подзаконски промени кои ќе бидат основа за одржлив развој и зелена практики на градба;
  • Подобрување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор во врска со промените во законите и прописите;
  • Поддршка на приватниот сектор во олеснувањето на преодот кон нови начини на водење бизнис во индустријата на зелена градба;
  • Понуда на најновите и најдобри програми за обука за квалитет;
  • Обезбедување на поголем извор на информации и едукација за одржливост и пракса на зелена градба како и заштита на животната средина;
  • Да се подобри позицијата на советот во меѓународната мрежа која се протега во повеќе од 60 земји, со цел да размена на информации, знаење и искуство;
  • Изнаоѓање на конструктивни решенија за проблемите од областа ка животната средина;
  • Промовирање на мерки во корист на интересите на членовите на Советот и нивната заштита;
  • Собирање и размена на информации за зелена градба и заштита на животната средина и енергетска ефикасност;
  • Помагање на членови што сакаат да се вклучат или се веќе вклучени во активности од областа на зелена градба во Македонија;
  • Поддршка на постојаниот развој иа инвестиционата средина во Македонија;
  • Помош за да се гарантира дека зелената градба добива соодветни можности од страна на македонската влада во соработка со сите релевантни институции организации од јавниот, приватниот и граѓанскиот/невладин сектор;
  • Други активноста поврзани со барањата на членовите.

 

Во остварувањето на целите и задачите на Советот соработгува со сите релевантни организации, асоцијации, министерства, владини агенции и други институции.