Што е зелена градба и зошто е таа важна?

Денес во Европа, зелената градба претставува една од најважните и највозбудливите можности за одржлив раст на национално и глобално ниво. Дизајнот на изградената околина влијае на сите нас, на нашите економии и на животната средина, а националните совети за зелена градба се водачи на промената кон одржливост.

Генерирање одржлив развој

Градежниот сектор е движечка сила на БДП на една земја, а зелената градба овозможува подобри резултати со помало влијание.

На глобално ниво, предвидено е градежниот сектор значително да расте до 2020 г.. Имајќи во предвид дека пазарот се стреми кон поголема ефикасност на ресурсите, јасно е дека донесувачите на одлуки имаат централна улога во обезбедување на водечка улога на европските компании, на пазарот на зелени градби.

Создавање работни места

Европската градежна индустрија вработува десетици илјади луѓе, но во исто време има недостаток на стручен кадар. Привлекување на талент и инвестиција е еден од клучните предизвици во иднина. Зелената градба нуди можност да биде дел од решението на глобалните предизвици, да открие нови и возбудливи технологии и да ссоздаде вештини кои ќе бидат соодветни за во иднина.

 

Зголемување на енергетската сигурност и намалување на недостатокот на горива

Увозот на нафта и гас, ја чини Европа стотици милијарди евра годишно. Повисоката енергетска ефикасност на зградите ширум Европа ќе помогне во намалување на овие непотребни трошоци, како и намалување на потребата за нова и скапа енергетска инфраструктура. Личната енергетска сигурност е исто така од голема важност, особено на домаќинствата чиј буџет за енергија претставува значаен дел од севкупните приходи.

 

Подобрување на јавните услуги

Моќта на силното раководство на јавниот сектор, на полето на зелена градба, не се состои само во превземање водечка улога The power of strong public sector leadership on green building is not just about helping lead the wider market. Green building can lower the cost of running public buildings, increase the efficiency of service delivery and help create the right environment to retain and foster the brightest talent.

 

Adding and retaining financial value

Green buildings attract sales and rental premiums, help reduce capital expenditure and mitigate the risk of regulation requiring costly alterations to buildings. Energy and water efficient buildings also save businesses and consumers money during the lifetime of the property.

Дизајнот…
…на нашите домови

е од клучно значење за квалитетот на нашиот живот, комфорот и трошоците за нивно користење

…на нашите училишта

остава доживотна трага врз оние кои учат во нив, на начин што влијае на сконцентрираноста и нивото на еколошка свест на следните генерации

…на нашите работни места

влијае на продуктивноста на вработените, нивното здравје и благосостојбата на нашите компании

…на нашите болници

влијае на времетраењето на заздравување на пациентите и на нивото на сметките за здравствени услуги

…на нашите градови и заедници

значително ја одредува нивната економска и социјална динамика

ЗЕЛЕНАТА ГРАДБА:

… Интелигентно пристапува кон енергијата
  • Влијае на намалување на потрошувачката на енергија во сите фази на животниот век на зградата, од концепт и реализација, до крајна експлоатација, создавајќи ги новите и реновирани згради поудобни, поевтини за одржување и посоодветни за животната средина; воедно, им помага на корисниците на зградите да дознаат како ефикасно да се користат се поскапите и помалку достапни енергетски ресурси
  • Користи интеграција на технологиите за искористување на обновливите извори на енергија и за намалување на емисиите на CO2 во животната средина за оптимално снабдување на зградите со енергетски ресурси, при што проектот на зградата е максимално ефикасен и усогласен со природната средина
… Ги чува нашите водни ресурси
  • Зелена градба вклучува изнаоѓање начини за ефикасно управување со водните ресурси и ефикасно управување со водата за пиење, како и со отпадните води, собирање на водата за безбедна употреба во затворени простори на иновативен начин, и генерално намалување на употребата на вода во градежниот сектор
  • Поради влијанието на изградената средина на атмосферската вода и системите за одводнување, зелена градба обезбедува примена на технологии за најздрав однос на водата, почвата и на целиот систем на животната средина
… Го намалува отпадот и ја зголемува повторната употреба со рециклирање
  • Преку употреба на мали количини на градежни материјали, материјали со повисок квалитет и трајност, со мали количини на градежен отпад, како и правилна пресметка на животниот век на зградата од проектирање до изградба, користење, пренамена и уривање
  • Преку поттикнување на сопствениците и корисниците на зградите, правилно да ги употребуваат, складираат и рециклираат градежните материјали, за повторна употреба
… Промовира здравје и благосостојба на корисниците на зградите
  • Преку доведување на свеж воздух во просториите, обезбедување на висок квалитет на воздухот преку добра вентилација и избегнување на материјали и хемикалии кои произведуваат емисии на штетни гасови
  • Преку максимална употребата на природна светлина во просториите, и обезбедување на добар поглед на околината, со што на корисниците на зградата им се обезбедува висок комфор и уживање во околината, т.е. да се намали потребата за вештачко осветлување
  • Преку проектирање на принципот „како за уши, така и за очи“. Имено, во просториите наменети за образование, здравство, домувањето и работа, акустиката и соодветната звучна изолација играат важна улога во обезбедувањето на пријатно опкружување за концентрација, опоравување и уживање во работата и претстојот во сопствениот дом
  • Преку обезбедување на добро чувство и пријатна микроклима во просториите каде што луѓето прстојуваат секојдневно во долг временски период, создавање на пријатна внатрешна температура во просториите без оглед на сезоната и надворешната температура, при што од голема корист се интелегентните решенија во зградите
… Го одржува нашиот пејзаж зелен
  • Истакнувајќи ја потребата дека и во урбаните средини треба да се зачува природната и да придонесувајќи за заштита на животната средина, обезбедувајќи да разновидноста на растителниот и животинскиот свет и на квалитетот на земјиштето се заштитени или посебно надгледувани, создавајќи нови зелени површини и санација на загадените земјишта
  • Трагајќи по начини со кои нашите урбани подрачја ќе се направат попродуктивни, па дури и преку „донесување“ на земјоделството во градовите, на покривите на зградите…
… Создава еластични и флексибилни градежни структури
  • Преку прилагодување на променливата околина и каприциозна природа, со обезбедување на отпорност на природните катастрофи како поплави, земјотреси или големи пожари, дозволувајќи им на објектите да станат отпорни на тестот на времето и на тој начин просторот за луѓето да го направи побезбеден
  • Преку проектирање на флексибилни и динамични простори, преку предвидување на промени во нивното користење со текот на времето, и преку избегнување на потребата за уривање и повторна изградба или значително реновирање на објектите, со што би се спречило нивното нагло застарување